Шимоновиќ: Оптимизам за разговорите на власта и на опозицијата

22.05.2015 16:48

Оптимизам за разговорите меѓу власта и опозицијата за смирување на тензиите и надминување на кризата од Обединетите Нации чиј помошник генералник секретар е во посета на земјава. Иван Шимоновиќ вели дека консензусот меѓу политичките актери, но, и меѓуетничката солидарност се столбови за иднината на земјата...

Спроведувањето на реформите кои ве водат кон Европската Унија со примена на меѓународните стандарди на почитување на човековите права се најдобриот начин за надминување на предизвиците во Македонија, изјави Иван Шимоновиќ, помошник генерален секретар на Обединетите нации по средбите со претседателот Ѓорге Иванов, со министерот за внатрешни, Чавков со омбудсманот Мемети, јавниот обвинител Зврлевски.

Доаѓам во вашата земја како загрижен пријател, продолжи помошникот на Бан, за кого консензусот меѓу политичките актери но и меѓуетничката солидарност се едни од столбовите на иднината на земјата.

Македонија е ранлива поради се побројните бегалци од Блискиот и Средниот Исток, и Обединетите Нации ја нудат меѓународната помош за правување со брановите мигранти како и со и барателите на азил, изјави Шимоновиќ.

Помошникот генерален секретар, уште еднаш подвлече дека за решението на кризата се најодговорни пред се политичарите во земјата, а потоа треба да се бара и асистенција во Брисел или Стразбур за напредок на демократските процеси.

 

Зоран Богатинов