Зурли и тапани на матурските!

22.05.2015 16:54

Зурли и тапани ечеа синоќа на матурската вечер. Во свечени тоалети матурантите славеа, возбудени пред новиот предизвик што им го носи живтотот, но и понатамошното школување...

Зурли и тапани за дочек и како увертира на матурската вечер. И како што е ред, дотерани во свечени тоалети, со шминка и фиризура, во елегантни костуми. Едни пристигнуваа со скапи коли, други со панорамскиот автобус.

Некои срамежливо ги чекаа своите другари, некои не губеа ни миг - еуфорични играа и по улиците, на моменти го блокираа и сообраќајот.

Кристијан, не крие дека со неколку пива наздравил со другарите. Се уште не решил каде понатаму, но решил на својата матура максимално да се забавува.

И неговата врсничка Сара не го криеше расположението.

Викторија и Иван велат дека со месеци биле еуфорични и во исчекување на матурската вечер, но, возбудата ја подгреваат и предизвиците што ги носи понатамошното школување, а и животот.

Годинава спомен од матурската вечер ќе имаат 20.000 млади луѓе.

 

Наташа Јанчиќ