Странските семиња во исхраната – потреба или тренд?!

22.05.2015 16:59

Чиа, киноа, макадамија- семињата станаа хит во исхраната и во Македонија со отворањето на продавниците за здрава храна. Дел од педијатрите имаат негативен став за употребата на новите семиња. МРТ истражуваше дали станува збор за потреба или тренд на новото време...

Чиа, Киноа, Макадамија- овие семиња станаа хит во исхраната и во Македонија. И додека многумина не знаат ниту како изгледаат, голем дел од граѓаните секојдневно ги употребуваат. Дел се од асортиманот здрава храна. Меѓу додатоците и ленот. За разлика од другите, тој се одгледува и кај нас.

„Чијата ја користам, ленот - најчесто тие ги користам... Ленено семе, ѓумбир - со лекарската помош и тоа додадено подобро е... Тоа е многу здраво да се јаде- за срце, за крвоток, за притисок... Здрави се зошто да се помодарство, меѓутоа се доста скапи, дали секој може тоа да го овозможи...“, велат граѓаните кои ги анкетиравме.

Познавачите велат, овие семиња одамна се користа во свестки рамки, станаа популарни во Македонија со отворање на продавниците за здрава храна. Една кафена лажичка од овие семиња е доволна во исхраната - луѓето кои што имаат посериозни заболувања, за здрав живот веќе го менуваат и начинит на исхрана.

„Цената на еден здрав оброк чини можеби поефтино отколку да купиме еден класичен оброк. Еден или друг тип исхрана може да има пореметување во нашиот метаболизам, нашиот здравствен систем на крај кога ќе видиме колку финансии ќе ни требаат за лекови, сигурно дека здравиот начин на исхрана би ни бил поефтин и поефикасен“, вели Наум Стефовски, сопственик на продавница за здрава храна.  

Дел од педијатрите со негативен став за употребата на новите семиња во исхраната. Велат - она што се одгледува на нашите ниви е најдобриот оброк за децата.

„Она што нашите прабаби и баби го јаделе најдобро ќе се свари и кај нашите деца и внуци. Тие се генетски детерминирани да ги имаат тие одредени ензими. Овој тип на храна на кој што ни ние не сме научени, а камо ли доенчето, искрено ниту имаме искуство ниту знаеме што би се случило и какви ефекти би имало“, вели д-р Лидија Спасова - педијатар.   

Помодарство или потреба. Ставовите  поделени. Нашите баби и дедовци некогаш не ги користеле. Ние читаме од интернет и како по навика послатко е она што го нема кај нас . Од искуство и овој тренд ќе мине - велат граѓаните.

Иако многумина ја охрабруваат употребата на овие семиња во искраната, сепак има и такви кои категорично ги одбиваат. Велат дека овие семиња се помодарство наметнати од новото време.  

 

Андријана Атанасовска