Се стимулира извозот на вино во шишиња

26.05.2015 11:55

Со 35 милиони денари се стимулира извозот на вино во шишиња и преработките на храна. Досега оваа мерка не само што ги зголеми продадените количества туку постигна и повисоки цени...

Субвенциите се за 20 проценти од трошоците за вкупната амбалажа на флашираното вино за извоз, односно до 6 денари по шише.

Со овие пари се помага извозот на виното со квалитетна и препознатлива амбалажа.

Трошоците за амбалажа на извезени преработени земјоделски производи се за конзервната индустрија во стаклена амбалажа со 4 денари по килограм.

На огласот можеа да се пријават сите домашни компании кои сакаат да остварат пласман  на странските пазари.

Методија Трајков