На Владина седница ќе се одлучи кој ќе биде директор на УБК и БЈБ
26.05.2015 10:27
Предлозите за двете функционерски места во полицијата ги дава Министерот за внатрешни работи Митко Чавков, но се до нивниот официјален избор новите персонални решенија не се откриваат...

На денешната седница на Владата ќе се избираат новите директори на Бирото за јавна безбедност и на Управата за безбедност и контраразузнавање.
Предлозите за двете функционерски места во полицијата ги дава Министерот за внатрешни работи Митко Чавков, но се до нивниот официјален избор новите персонални решенија не се откриваат.
Смените на двете клучни директорски позиции во МВР доаѓаат откако од позицијата Министер за внатрешни работи и директор на УБК се повлекоа Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков.
