Заштита на биодиверзитетот на Преспанско езеро

26.05.2015 12:32

За да се зачува квалитетот на животната средина и природното богатство на преспанскиот регион,потребно е континуирано следење и зачувување на разновидните еко системи. Новата мониторинг станица ќе значи систематско следење и заштита на биодиверзитетот на Преспанското езеро и неговата околина...

Меѓународен ден на биолошката разновидност, ќе биде запаметен, како еден од најзначајните во зачтитата на Преспанското Езеро, а со самото тоа и на Преспа. Имено во Стење, започна со работа мониторинг станицата за заштита на Преспанскиот Бисер. 

Република Македонија се смета за една од најзначајните упоришта на биолошката разновидност на глобално ниво, затоа што има различни еко системи.   

Отворањето на станицата Стефано Лазарото, амбасадор на Швајцарија во Македонија, го оцени како уште еден чекор што го направи Швајцарија, во сочувувањето на убавинита на Преспанското Езеро.

Повеќе од една деценија, програмата за развој на обединетите нации, вложува во реставрирањето на квалитетот на животната средина во овој регион.

Не само Македонија, заштита трба да се случи и во Грција и во Албанија.

 

Сандре Темелковски