Заменик министерот за надворешни работи Кипријановска на Самит на ПСЈИЕ во Тирана
26.05.2015 11:41
Со овој самит Албанија го завршува едногодишното претседателствување со овој процес, по што ќе го преземе Бугарија...

Во Тирана се одржува овогодинешниот самит на шефови на држави и премиери од Југоисточна Европа. Македонија е претставена од заменик министерката за надворешни работи Драгана Кипријановска која ќе се обрати на втората сесија на Самитот каде ќе го пренесе официјалниот став на државата за поддршка на процесот за соработка.
Со овој самит Албанија го завршува едногодишното претседателствување со овој процес, по што ќе го преземе Бугарија.
На самитот е предвидено учество на шефови на држави и влади од земјите од Зпаден Балкан и од Југоисточна Европа.
