„Амфенол“ вработи 100 млади до 29 години
Склучиле и договор со Техничкото училиште во Кочани за профилирање соодветни кадри. Ќе го користат и тренинг- центарот на Агенцијата за вработување, за преквалификација и обука...

Преку активните мерки за вработување, американската инвестиција Амфенол во фабриката во Кочани вработила 100- тина млади до 29 години. Склучиле и договор со Техничкото училиште во Кочани за профилирање соодветни кадри. Ќе го користат и тренинг- центарот на Агенцијата за вработување, за преквалификација и обука.
Директорот на агенцијата, Влатко Поповски најави – ќе започнат и курсевите за општи вештини и странски јазици.
Наскоро ќе започне и обуката за општи вештини, за странски јазици,а ќе обезбедиме и пакет за секој невработен од 1.100 до 1.800 евра за добивање на знаење од напредни ИТ вештини, изјави Поповски.
Раководителот на менаџерскиот тим на кочански Амфенол Сашко Наков истакна дека тие одлично соработуваат со АВРМ. Соработката ќе продолжи со профилирање на кадри што би било корисно за производството, истакна Наков.
