Лидерска средба: Груевски и Заев информирале за разговорите во Стразбур
Лидерите на четирите најголеми политички партии во земјава- Груевски, Заев, Ахмети и Тачи денеска разговарале за состанокот во Стразбур. Нема конкретен заклучок, а идната недела повторно ќе се сретнат на заедничка маса...

Во Клубот на пратениците во Скопје заврши двочасовната средба на лидерите на четирите најголеми партии во Македонија Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Медух Тачи, за изнаоѓање решение за излез од политичката криза во земјата.
И на денешната средба како набљудувачи присуствуваа амбасадорите на САД и на ЕУ Џес Бејли и Аиво Орав. Груевски и Заев ги информирале Ахмети и Тачи за минатонеделните разговори во Стразбур во кои посредуваа европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан, Ричард Ховит и ервокомесаорт Јоханес Хан.
Други детали од денешните разговори не се соопштени. Најавена е нова лидерска средба во почетокот на наредната недела, но не се прецизира точниот термин.
