Пешевски: Континуирано се преземаат мерки за сигурно и квалитетно снабдување со енергија

27.05.2015 13:11

Од Владата велат дека максимално се искористуваат домашните ресурси...

Континуирано се преземаат мерки за сигурно и квалитетно снабдување со енергија според еколошки прифатливи услови и цени кои не го загрозуваат животниот стандард - став на вицепремиерот Пешевски, во обраќањето на семинарот „Прашања за енергетската транзиција и нејзините последици во Македонија“, што се одржува денеска во Скопје организиран од амбасадите на Германија и Франција во Македонија.

Од Владата велат дека максимално се искористуваат домашните ресурси.

Поголемата разнообразност ќе ја зголеми конкурентноста, а со тоа ќе обезбеди сигурно снабдување со енергија и одржливи цени на енергенсите. Во таа смисла, Владата на РМ тежнее кон максимално можно искористување на домашните ресурси и се насочи кон стратешки издржана долгорочна политика за приклучување кон главните енергетски текови во регионот и пошироко, рече вицепремиерот Пешевски.

Потенцира дека основна задача на Владата во текот на сите години била да се обезбеди сигурно и квалитетно снабдување со енергија и наведе дека таа цел ќе продолжи и во наредниот период.