Странските инвеститори будно го следат развојот на политичките случувања

27.05.2015 14:54

Властите имаат проактивен однос кон компаниите, а главните проблеми се во делот на транспортот и немањето излез на море – оценува првиот човек на Советот на странски инвеститори...

Македонија е конкурентна во привлекувањето странски директни инвестиции. Властите имаат проактивен однос кон компаниите, а главните проблеми се во делот на транспортот и немањето излез на море – оценува првиот човек на Советот на странски инвеститори, Хуан Педро Химерез Наваро. Тој вели – странските инвеститори будно го следат развојот на политичките случувања.

„Политичката состојба нема влијание врз работењето на постојните странски компании, задржано е нивото на бизнисот и на производство како и пред кризата. Но, евидентно е дека има воздржаност кај новите инвеститори, ни поставуваат повеќе прашања за тоа што се случува. Ние се обидуваме да им бидеме од помош на компаниите што сакаат да дојдат, сакаме да ги успокоиме дека ситуацијата во Македонија сигурно ќе биде подобра“, објаснува Наваро.