Целосно обештетување на земјоделците погодени од поплавите

28.05.2015 10:53

Земјоделците од 18 општини кои на почетокот на годинава беа погодени од поплавите целосно ќе бидат обештетени. Право на финансиска помош ќе имаат сите без разлика дали се евидентирани како земјоделски стопанства...

Целосно ќе се обештети загубата кај земјоделските производи и штетите од поплавите на пластениците и стаклениците од јануари и февруари годинава.

Висината на помошта ќе се утврди со годишните програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, зависно од претходно утврдените штети и загуби предизвикани од елементарните непогоди.

Штети во земјоделството се пријавени во 18 општини.

 

Методија Трајков