Управител на струшка фирма го злоупотребил службениот печат
Пријавениот, од март до ноември 2013 година, во својство на управител на правното лице „ГЕОПРЕМЕР ДООЕЛ увоз-извоз Струга“, спротивно на Законот за катастар на недвижности, во име на фирмата неовластено издал и потпишал девет геодетски елаборати за посебни намени...

Порaди постоење основи на сомнение за сторени казнени дела “посебни случаи на фалсификување исправи“ и “затајување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.Т. (43) од Струга.
Пријавениот, од март до ноември 2013 година, во својство на управител на правното лице „ГЕОПРЕМЕР ДООЕЛ увоз-извоз Струга“, спротивно на Законот за катастар на недвижности, во име на фирмата неовластено издал и потпишал девет геодетски елаборати за посебни намени.
Исто така неовластено го упoтребил службениот печат од фирмата и во 2014 година кога во име на фирмата неовластено издал уште три елаборати за посебни намени. Паричните средства кои што ги наплатувал од странките за елаборатите не ги прикажувал и внесувал во фимата, туку против правно ги присвојувал, со што ја оштетил фирмата за сума од 72.000 денари.
Пријавениот тоа го сторил иако со решение од февруари 2012 година од Агенцијата за катастар за недвижности, на фирмата ГEОПРЕМЕР и е одземена лиценцата за вршење на геодетски работи, а тој лично не поседувал овластување за вршење на геодетски работи со што не бил овластен да ги потпишува геодетските елаборати.
