Македонија продолжува со придонесот во мисијата „Решителна поддршка“
Вие сте несомнен доказ за тоа и јас сум убеден дека задачите пред вас ќе ги извршите професионално и одговорно, им порача министерот за одбрана Зоран Јолевски, на тринаесетемината припадници на АРМ кои заминуваат во мисијата „Решителна поддршка“ во Авганистан...

Република Македонија е цврсто посветена на глобалниот мир и стабилност. Вие сте несомнен доказ за тоа и јас сум убеден дека задачите пред вас ќе ги извршите професионално и одговорно, им порача министерот за одбрана Зоран Јолевски, на тринаесетемината припадници на АРМ кои заминуваат во мисијата „Решителна поддршка“ во Авганистан.
На приемот на 12 офицери и 1 подофицер кои ќе бидат дел од турскиот контингент во Кабул, присуствуваше и началникот на генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, кој потенцира дека мировниците се психо-физички подготвени за обврските и одговорностите што ги очекуваат.
Македонија, по завршувањето на мисијата ИСАФ, го продолжи присуство во Авганистан, во новата мисија на НАТО „Решителнана поддршка“ со 39 припадници.
