Македонецот Даниел Михајловски- Светски млад лидер
28.05.2015 13:19
23 годишниот Михајловски како дете без родители е израснат во Детското село. Сега е дипломиран економист...

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, го круниса македонецот Даниел Михајловски за еден од 14-те Млади светски лидери. Како преставник на СОС Детското село, говорејќи пред еминентните преставници на ОН и ЕУ, посочи дека неговата генерација е една од најобразованите во историјата, но, дека станува збор за генерација која тешко доаѓа до пристојна работа.
23 годишниот Михајловски како дете без родители е израснат во Детското село. Сега е дипломиран економист, кој работи како архивар во Министерството за финансии.
