IN MEMORIAM: Драган Каранфиловски – Бојс

28.05.2015 15:20

Бојс ја започнал кариерата во 73-та година, формирајќи ја групата „Македонија“, па потоа преку култната „Мадригали“ и „Трн во око“, да продолжи како кантавтор...

На 59 годишна возраст почина македонскиот музичар, кантавторот Драган Каранфиловски – Бојс.

Бојс ја започнал кариерата во 73-та година, формирајќи ја групата „Македонија“, па потоа преку култната „Мадригали“ и „Трн во око“, да продолжи како кантавтор на веќе легендардните „Опасно сум вљубен во тебе“, „Велерија“, „Лулај ме нежно“, „Парижанка“...

Карафиловски е автор и на бројни хитови кои ги изведувале други пејачи, а има компонирано музика и за неколку ТВ – серии.