АМСМ: Внимателно возење, сообраќајот се одвива по влажни коловози

29.05.2015 09:13

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација...

Сообраќајот на патиштата низ Македонија се одвива по наместа влажни коловози.
 
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово, каде е можна почеста појава на одрони. 
 
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
 
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.