Во Мариово викендов рекреативен велосипедизам и културни средби
Организатори на овие манифестации се Општина Прилеп и Здружението „Мариовско-мегленски културни средби“...
Во Мариово од денеска до 31 мај по четврти пат ќе се одржи велосипедскиот и рекреативен фестивал „Mariovo off road experience“, а на 31 мај, в недела, во манастирот „Свети Илија“ во прилепско Мариово по 31 пат ќе се одржат „Мариовско – мегленските културни средби“.
Организатори на овие манифестации се Општина Прилеп и Здружението „Мариовско-мегленски културни средби“.
Мариово е дел од агендата на Здружението „Вело Европа“ од Скопје кое ја организира четвртата по ред тура на велосипетски рекреативни трки низ Мариово. Оваа година се планира да има четири спортски дисциплини на фестивалот и тоа планинското трчање, планинарење, аеробик и планински велосипедизам.
Фестивалот се одржува од 2010 година, а Мариово нуди одлични можности. Во Македонија годинава се организираат 12 вакви фестивали, но на секој од нив има само по максимум 250 учесници, а Мариово е лидер со 700 пријавени учесници.
