Делегација на Турската асоцијација на бизнис ангели во Македонија
Денеска во Скопје, а утре во Тетово ќе може да се презентираат компаниите кои бараат инвестиција. Предвидени се посебни панели за мали и средни претпријатија и претприемачи, како и за потенцијалните домашни бизнис ангели инвеститори...

Делегација на Турската асоцијација на бизнис ангели (ТВАА) денеска и утре ќе престојува во Македонија во рамки на инцијативата „Meeting the Investors and Enterpreneurs 2015“ за селекција на иновации, иновативни компании и претприемачи.
Станува збор за регионален настан со кој се означува почеток на иницијативата која ќе трае од 24 мај – 24 декември 2015 година при што ќе се одржат неколку презентации и селекција на иновации, иновативни компании и претприемачи, а најдобрите ќе одат во Истанбул наесен, годинава.
Според агендата, денеска во Скопје, а утре во Тетово ќе може да се презентираат компаниите кои бараат инвестиција. Предвидени се посебни панели за мали и средни претпријатија и претприемачи, како и за потенцијалните домашни бизнис ангели инвеститори.
Турската асоцијација на бизнис ангели се смета за една од најсилните асоцијации на бизнис ангели во Европа.
