Пронајден труп во Гостивар
29.05.2015 15:46
Станува збор за 86 годишен човек кој предходно бил пријавен за исчезнат...

Во близина на селото Чајле, вчера околу 17 часот пронајден е машки труп. Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар извршил увид на лице место.
Станува збор за 86 годишен човек кој предходно бил пријавен за исчезнат. Трупот го забележал случаен минувач во водите на реката Вардар и го пријавил в полиција. Пожарникарите го извадиле , откако било намалено нивото на водата од хидроцентралата.
Неговиот син го идентификувал телото, а надлежен обвинител издал наредба за вршење на обдукција за утврдување на причините за смртта.
