Голема група мигранти откриени во товарен воз кој од Грција транзитирал низ Македонија
29.05.2015 15:52
Вработени во МЖ-Транспорт во станицата Трубарево откриле поголема група мигранти кои биле сместени во неколку вагони...

При манипулација со товарни вагони кои пристигнале од Грција и транзитирале преку Македонија, вработени во МЖ-Транспорт во станицата Трубарево откриле поголема група мигранти кои биле сместени во неколку вагони.
Неофицијално возот е задржан, а била информирана и полицијата чии припадници ја презеле групата мигранти.
