Тет-а-тет средба меѓу Алојз Петерле и копретседавачот Кенан Хасипи

29.05.2015 15:57

Петерле изразил задоволство од средбата, пришто посочил дека нивна желба и цел е политички развој кој би ја стабилизирал Македонија, би овозможил целосна и нормална работа на Собранието, како и поддршка за европската перспектива на Македонија...

Копретседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет на Република Македонија и Европска Унија, Алојз Петерле денеска престојува во посета на Собранието. Петерле имаше тет-а-тет средба со пратеникот Кенан Хасипи, кој е копретседавач на Мешовитиот парламентарен комитет за соработка меѓу РМ и ЕУ, а имаше и заедничка средба со членовите на мешовитиот парламентарен комитет.

Петерле изразил задоволство од средбата, пришто посочил дека нивна желба и цел е политички развој кој би ја стабилизирал Македонија, би овозможил целосна и нормална работа на Собранието, како и поддршка за европската перспектива на Македонија.

Пратениците размениле мислења и ставови за отсутвото на опозицијата во парламентот, неодамнешните случувања во Куманово, спорот со името, како и улогата на пратениците во развојот на политичкиот процес.

Петерле изразил надеж дека покажаната политичка волја на сите субјекти за враќање на политичкиот дијалог во земјава со европско посредништво ќе донесе резултати.

Тој оствари средба и со претседателите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, како и со заменикот на претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска.

Петерле се сретна и со претседателот на Владата и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.