Според магазинот „Форбс“- Минчо Јорданов е најбогат Македонец

29.05.2015 16:08

Најбогат Македонец, трета година по ред е бизнисменот Минчо Јорданов со приход од 26,4 милиони евра...

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најбогати бизнисмени на Балканот. На врвот на табелата се хрватите Ивица Тодориќ, сопственик на Агрокор, веднаш по него е Бранко Роглиќ, основач на компанијата за дистрибуција Орбико, како и Емил Тедески, газдата на Атлантик група.

Со заработка од 463,7 милиони евра на четврто место е српскиот бизнисмен Миодраг Мишковиќ, сопственик на Делта Холдинг. Петтото место е резервирано за брачната двојка Иза и Само Логин, сопственици на компанијата специјализирана за мобилни апликации.

Во Македонија, трета година по ред најбогат е Минчо Јорданов, со 26,4 милиони евра удел во металуршки и градежни фирми, а втор е првиот човек на Макпетрол, Андрејa Јосифовски со 22,5 милиони долари.