Мониторинг комисијата на ПССЕ во јуни ќе расправа за Македонија
Известувачот за Македонија на ПССЕ, Роберт Валтер пред комисијата за следење на обврските на земјите членки на СЕ, поднесе усмен извештај пред Мониторинг комисијата на паневропската асамблеја, по посетата на Македонија на крајот од април ...

Според информациите до кои дојдовме, членовите на Мониторинг комисијата на ПССЕ, вчера биле само усмено запознати со содржината на разговорите на нивната делегација по посетата на Македонија. Притоа не била отворена дебата, со цел да им се пружи шанса на разговорите кои се ангажираа меѓу политичките партии во Македонија. Дебатата е презакажана на ниво на Комисијата во јуни, кога се одржува пленарната сесија на ПССЕ.
Во вчерашното известување на другите членови на комисијата, неофицијално дознаваме и тоа неможеме да го повтрдиме е дека претседателот на Мониторинг комисијата, Стефан Шенах се покажал многу критичен кон однесувањето на опозицијата.
По постетата на Македонија, членовите на делегацијата на ПСЕЕ нагласија дека се убедени дека бојкотот на Парламентот е „тешка грешка, бидејќи во никој случај не може да се смета како соодветна политичка позиција“.
Тие притоа оценија дека изразената загриженост од опозицијата за дисфонкцинирањето на инситируциите треба да биде земена во предвид. Имено и во официјалното соопштение по посетата на Македонија, Делегацијата ја осуди експлоатацијата на документите добиени преку недозволени средства – прислушување, изразувајќи и збунестост од обемот на надзорот, кој според нив можеби се должи на минатиот еднопартски систем. Загриежност имаше и за содржината на објавените документи, кои фрлаат сомнеж врз целокупниот демократски систем и понатаму ја поткопаа довербата на граѓаните во демократските институции и функционирањето на правдата. Затоа тие побаара спроведување на независна истрага.
ПССЕ притоа предложи серија на мерки за да се надмине кризата, нудејќи и помош од Советот на Европа.
Тони Гламечвски, дописник од Франција за МРТ
