Расте бројот на странски посетители на Охридско- струшкото крајбрежје

29.05.2015 16:48

Карактеристика за годинава е дека освен од Бенелукс, се проширува бројот на други земји заинтересирани за престој во Македонија. Од идната година овде ќе летуваат и гости од Русија и од земјите околу неа...

Секоја година се поголем е бројот на странските туристи на Охридското крајбрежје. Покрај гостите од Бенелукс оваа година се побројни се и туристите од Турција. Нивниот водич кој го затекнавме на плажата пред хотел Дрим во Струга, вели туристите од Истанбул најмногу ги сакаат културните знаменитости не само во Струга и Охрид туку и во Скопје и Тетово.

„Тука сум преку цела сезона. Гостите од Турција немаат многу време за плажа, а најмногу се заинтересирани за културните знаменитости. Најинтересни за нив се џамиите и црквите во регионот“, вели туристичкиот водич од Турција.

Хотелиерите се задоволни од бројот на странски посетители посебно од Турција која бележи раст а во очекување се да се зголеми и бројот на туристи од Русија за сладната година.

„Годинава имаме и гости од Турција во далеку поголем процент за разлика од претходните години, имаме и гости од Австрија кои стандардно доаѓаат во периодот од мај до јуни и од септември до ноември“, вели Ана Јанчева Дудановска – туристички работник.

„Гостите ни се општо познати, Балканот целокупно е опфатен. Белгискиот, холандскиот пазар, германскиот, а сега веќе се склучуваат и сериозни договори и со Русија и Украина“, вели  Татјана Огненовска – туристички работник.

Според туристичките агенции и нивните понуду за стружани оваа сезона најинтересни ќе бидат аранжманите за нашиот јужен сосед како и Хрватска за која постојат евтини авионски летови оваа година.

„Грција, Албанија, Бугарија, Турција, авионските аранжмани, посебно оваа година имаме и чартери за Хрватска“, изјави Елизабета Попоска – туристички работник.

Бројот на туристи оваа година се очекува да се зголеми за околу 20 проценти, но исто така оваа година ќе имаме и разноличност кај истите. Бројот на земји од кои доаѓаат посетителите во Охрид и Струга од година во година е се поголем. Ваквиот тренд ќе продолжи и во иднина.

 

Јованчо Наумоски