Петерле се надева на политички развој кој би ја стабилизирал Македонија

29.05.2015 17:39

Од Собраниската прес служба информираа дека Петерле изразил надеж дека покажаната политичка волја на сите субјекти за враќање на политичкиот дијалог во Македонија со европското посредништво ќе донесе резултати...

На политички развој кој би ја стабилизирал Македонија и на целосна и нормална работа на Собранието, се надева копретседавачот на Мешовитиот Парламентарен комитет на Република Македонија и Европска Унија, Алојз Петерле кој денеска беше во посета на Скопје.

Во Собранието се сретна со членовите на Мешовитиот Парламентарен комитет со кој копретседава пратеникот Ќенан Хасипи. Од Собраниската прес служба информираа дека Петерле изразил надеж дека покажаната политичка волја на сите субјекти за враќање на политичкиот дијалог во Македонија со европското посредништво ќе донесе резултати.

Во Владата, Петерле имаше состанок со премиерот Груевски. Од таму информираат дека премиерот ја потврдил стратешката определба за членството во Европската унија на што интензивно се работи во реализацијата на натамошните реформи кои што ќе овозможат напредок.

Петерле се сретна и со лидерите на ДУИ и ДПА, и со заменик- претседателката на СДСМ.