Maкедонија лидер во Европа по бројот на новоотворени работни места од страна на странски инвеститори

30.05.2015 13:55

Според извештајот на реномираната компанија „Ернст и Јанг“, државава лани имала за 223 проценти повеќе новоотворени работни места споредено со 2013-та година. Следна е Словачка која има двојно помал раст од Македонија, 128 проценти...

Македонија е лидер во Европа според бројот на новосоздадени работни места од странските инвеститори во 2014-та година.

Според извештајот на реномираната компанија „Ернст и Јанг“, државава лани имала за 223 проценти повеќе новоотворени работни места споредено со 2013-та година. Следна е Словачка која има двојно помал раст од Македонија, 128 проценти.

Србија, пак, лани имала пад од 58 насто во бројот на ново создадени работни места. Според извештајот, во 2013-та година во земјава имало илјада 156 новоотворени работни места од странски инвеститори, а лани 5 илјади и 20, што ја прави Македонија магнет по привлекувањето странски инвеститори.

Според извештајот, 2014-та година била рекордна по странските инвестиции воопшто во Европа, што значи дека Македонија е земја која најдобро ги искористила можностите за да профитира од странските инвеститори. „Ернст и Јанг“ анализирале 43 европски држави.