Владата бара двајца економски промотори за САД и Канада

30.05.2015 16:03

Од економските промотори, државава очекува со вештини и способности, интензивна промоција и личен придонес во развојот на домашната економија...

Со двајца нови ќе се зајакнува тимот еконосмки промотори. Се бараат динамични професионалци подготвени да се соочат со предизвикот на моќните светски економии што ќе лобираат - врвни компании да го пренесат бизнисот во Македонија. Владата објави оглас, се бараат економски промотори за во Индијанаполис (САД) и Монтреал (Канада).

Заинтересираните ќе можат да аплицираат во наредните три неделина адреса на Aгенцијата за странски инвестиции. Од економските промотори, државава очекува со вештини и способности, интензивна промоција и личен придонес во развојот на домашната економија.

Кандидатите преку темелна посветеност и ангажман ќе треба да помогнат и во спроведувањето на значајните структурни реформи во земјата. Ќе се соочат со предизивикот да лобираат за влез на нови технологии, како и да го промовираат извозниот потенцијал и конкурентноста на производите создадени во Македонија.

 

Наташа Јанчиќ