Груевски: Влада може да состави само народот

30.05.2015 17:34

ВМРО-ДПМНЕ се подготвени на секакви идеи со цел разговорите да бидат конструктивни. Премиерот Груевски останува на ставот дека влада може да состави само народот...

Какви се очекувањата од доаѓањето на еврокомесарот Јоханес Хан во вторник на лидерската средба? ВМРО-ДПМНЕ се подготвени на секакви идеи со цел разговорите да бидат конструктивни. Премиерот Груевски останува на ставот дека влада може да состави само народот.

Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ се подготвуваме со различни идеи за разговорите со комесарот Хан за да бидеме максимално конструктивни и да придонесеме во разрешувањето на политичката криза и неговото доаѓање да заврши со успех. Тоа не зависи само од нас бидејќи има и друга страна во разговорите, а токму затоа не сакам да бидам ниту песимист, ниту оптимист зашто не можам да претпоставам како другата страна ќе настапи. Нашиот став беше и ќе биде дека влада може да состави само народот и граѓаните на Република Македонија на избори и дека не може одредени политички партии да прават математики, проекции или планови за создавање или влегување во влада без да ја добијат поддршката на граѓаните на избори, рече премиерот Груевски по поставувањето камен-темелник на ТИРЗ во Делчево.