Југоисточна Европа- атрактивна бизнис дестинација

30.05.2015 17:52

Општините и бизнисот треба да бидат заеднички партнери. Ова е заклучокот на дводневната кјонференција за „Промоција на југоисточна Европа во бизнис атрактивна дестинација“ што се одржа во Неум, Босна и Херцеговина. Стандардизацијата на процедурите досега во Македонија го имаат направено Струмица и Велес кои добија сертификат за бизнис пријателска дестинација...

Општините и бизнисот се партнери, оттаму важен е нивниот меѓусебен дијалог за подобрување на условите за инвестирање. Ова го заклучија учлесниците на конгресот  во Неум, Босна и Херцеговина чија цел беше промоција на Југоисточна Европа како бизнис пријателска дестинација. Првиот човек на Советот на странските инвеститори во Македонија, вели дека тука има одлични услови за бизнис.

„Но тоа не значи дека треба да се опуштиме, и да не ги подобруваме. Овиуе сертификати се пресек на потребите на компаниите и можностите на општините. Важно е да се развие дијалогот. Но и со локалните компании, со кои треба да работиме како тандем, вели Хуан Педро Јиминез Наваро- претседател на Советот на странски инвеститори во Македонија.

За стандардизирање на процедурите за бизнисот согласно проектот општините добиваат сертификат за бизнис пријателска дестинација. Сремска Митровица во тек е со апликацијата за ова признание, но затоа пак Фајненшал тајмс ја вброил во топ 10 дестинацииво Европа за инвестирање.

Досега имаме 16 странски компании во кои се вработени преку 4 илјади лица. Моравме да ја менуваме свеста. Бевме познати по прехрамбената и по дрвната индустрија, а сега имаме 6 фабрики за автомбилски делови. Сега проблем е образованиетоизјави Бранислав Недимовиќ- градоначалник на Сремска Митровица, Србија.

Помош за бизнисот и модернизација на услугите. Ова се двете цели кои сакаат да ги постигнат германските финансиери на проектот.

Сертификацијата може да ги моденизира услугите на оптините. Веруваме дека ако ги подобриме услугите за бизнисот, со тоа ќе ги подобриме и услугите за граѓаните, што е наша цел, вели Кристоф ди Марко- ГИЗ фондови.

Во Велес се задоволни од ефектот на сертификатот.

„Со тоа се помогна како на домашните, така и на странските инвеститори со што се создаде една плодна соработка“, изјави Дуњамин Мехмед- Општина Велес.

Богданци, Гази баба, Прилеп и Штип се во фаза на евалуација.

 

Катерина Давчева