Поголема парична помош за социјално ранливите категории

31.05.2015 17:45

Од утре за социјално ранливите категории ќе има повеќе пари. За 25 проценти ќе се зголеми сумата што ја добиваат родителите на деца со специјални потреби, а поголем паричен износ ќе добијат и згрижувачките семејства...

Од утре за 10 проценти се зголемува социјална парична помош, а за 25 насто поголем надоместок ќе земаа родителите на деца со пречки во развојот од материјално необезбедени семејства. Поголем паричен надоместок ќе имаат и згрижувачките семејства.

„Пред три месеци донесвме одлука и таа ја објавивме дека годинава нема да биде 5 посто зголемувањето на социјалната и постојната парична помош, туку дека ќе биде 10 проценти и тоа зголемување ќе биде од следниот месец во јуни со земањето на тие средсва во јули. Не за 10, туку за 25 проценти ќе порасне зголемувањето на згрижувачките семејства и на родителите кои имаат деца со пречки во развојот“, изјави премиерот Никола Груевски.

Од 2006 година социјалната парична помош е зголемена за 47 проценти, а постојаната за 46. Повеќе од 9 илјади деца од социјално ранливите семејства отидоа на бесплатен одмор. Пензиите се зголемени за 62 отсто, а најниската за 76. Следното покачување на пензиите е во октомври.

Покрај зголемените пензии, пензионерите добија и други бенефиции- 25 илјади отидоа на бесплатана бања, а годинава ќе заминат уште 5 илјади пензионери. 

 

Андријана Атанасовска