Над 37 илјади граѓани побарале совет на „Ало докторе“
На сите лица кои се јавиле на телефонската линија „Aло докторе“ им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија...

На телефонската линија за медицински совет „Aло докторе“ од септември досега совет побарале 37.222 граѓани. Од 25 мај до вчера, се јавиле 935 лица.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.
За медицински совет достапни се 22 доктори, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.
На сите лица кои се јавиле на телефонската линија „Aло докторе“ им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.
Јавувањата најчесто се со широк спектар на најразлична симптоматологија, симптомна болка, кардиоваскуларни и респираторни симптоми од променливите временски услови.
