Издадена 14-та емисија обврзници за денационализација

01.06.2015 11:52

Со неа се опфатени сите правосилни решенија за денационализација во периодот од 01.02.2014 година до 31.01.2015 година, за кои како надомест се доделени обврзници...

Министерството за финансии ја издаде четиринаесетата емисија на обврзниците за денационализација, во износ од 9,5 милиони евра. Со неа се опфатени сите правосилни решенија за денационализација во периодот од 01.02.2014 година до 31.01.2015 година, за кои како надомест се доделени обврзници. 
 
Централниот депозитар за хартии од вредност ќе им достави на сопствениците   известување за личниот износ на емитувани обврзници на домашна адреса.
 
Тргувањето со обврзниците за денационализација се врши на Македонска берза, со посредство на брокерските куќи и банките - членки. Пред рокот за достасување, граѓаните може да ги користат обврзниците за денационализација за отплата на становите во општествена сопственост.
 
Досега се издадени четиринаесет емисии на обрзници за денационализација со вкупна вредност од 333,5 милиони евра.