Еврокомесарот Хан утре во Скопје- ќе присуствува на четвртата лидерска средба

01.06.2015 14:45

Груевски, Заев, Ахмети и Тачи, ќе се сретнат утре, но на лидерската средба нема да присуствуваат тројцата европратеници, Вајгл, Кукан и Ховит...

На четвртата средба на политичките лидери на четирите најголеми партии ќе присуствува и комесарот за соседска политика, Јоханес Хан кој во вторник ќе допатаува во Скопје. Груевски, Заев, Ахмети и Тачи, ќе се сретнат утре, но на лидерската средба нема да присуствуваат тројцата европратеници, Вајгл, Кукан и Ховит, кои беа дел од преговорите во Стразбур. Средбата ќе се одржи во резиденцијата на амбасадорот Аиво Орав.

„Можам да потврдам дека комесарот Хан ќе ја посети Поранешната југословенска Република Македонија, утре на 2-ри јуни. Комесарот на партиите ќе им ја потенцира итноста од изнаоѓање решение за надминување на моменталната криза што е можно поскоро и потребата да се решат клучните предизвици со кои што се соочува земјата. Тоа е она што можам да ви го кажам“, потврди Маја Коцијанчиќ, порпаролката на комесарот за проширување и соседска политика.