19-годишен Македонец загина во сообраќајна несреќа во Србија

01.06.2015 15:01

Според српски медиуми несреќата се случила кога патничкото возило „Опел вектра“ со македонски таблици удрило во специјално возило за обележување патишта на ЈП Патишта- Србија...

19 годишниот македонски државјанин Мартин М. почина во болница од повредите, а неговиот брат Никола е тешко повреден во сообраќајната несреќа што се случи вчера околу 13 часот на автопатот Ниш- Прешево, кај Бујановац.

Според српски медиуми несреќата се случила кога патничкото возило „Опел вектра“ со македонски таблици удрило во специјално возило за обележување патишта на ЈП Патишта- Србија.

Од здобиените повреди 19 годишниот Мартин починал веднаш по приемот во болница, додека неговиот совозач Никола се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил пренесен со брза помош во клиничкиот центар во Ниш.