Наваро: Кризата не ги загрижува странските компании, постои ризик за идните инвестиции

01.06.2015 15:04

Претседателот на Советот на странски инвеститори, Наваро нагласи дека постои ризик за идните инвестиции, доколку кризата потрае...

Странските компании што работат во земјава не се засегнати од актуелната политичка состојба, но претседателот на Советот на странски инвеститори, Наваро нагласи дека постои ризик за идните инвестиции, доколку кризата потрае.

„Странските компании кои веќе работат во Македонија, не се под влијание на политичката криза. Сите производствени процеси, профитите и продажбата на производите не е засегната од политичката криза. Се разбира дека тековната политичка ситуација предизвикува загриженост за идните инвестиции во земјава, меѓутоа јас искрено се надевам дека наскоро ќе се реши ова прашање“, изјави Хуан Педро Наваро, претседател на Советот за странски инвеститори.