Агенција за разузнавање: Кривична одговорност за откривање идентитет

01.06.2015 15:11

За случаите во Гошинце и во Куманово, и за намерите на водачите на терористичката структура, нивни капацитети, логистички бази, курс на акција на непријателот, од разузнавачката служба е направено рано предупредување во рамки на надлежностите, се вели во соопштението...

Јавното посочување на идентитетот и фотографии на вработени во агенцијата за разузнавање е загрозување на нивната лична безбедност, безбедноста на семејствата на вработените и загрозување и поткопување на законските надлежности и методите на работа, соопштуваат од Агенцијата за разузнавање, по написите во домашни и странски медиуми со изнесени податоци и информации за лица вработени во Агенцијата.

Поведена е постапка за кривична одговорност пред надлежниот јавен обвинител согласно Кривичниот законик. Целта е, велат од Агенцијата да се утврди одговорност за објавениот идентитет и фотографија на вработен во службата, потеклото, лицето кое имало пристап до неа и како стигнала до медиумите.

За случаите во Гошинце и во Куманово, и за намерите на водачите на терористичката структура, нивни капацитети, логистички бази, курс на акција на непријателот, од разузнавачката служба е направено рано предупредување во рамки на надлежностите, се вели во соопштението.

Од Агенцијата за разузнавање апелираат евентуалните сознанија за безбедносно загрозување да се достават до надлежните институции.