Самит 100: Иванов мeѓу политичките и бизнис лидери во Порторож
Шефот на државата од Словенија порача дека институционалниот бојкот и кризата траат предолго. Иванов побара од неговиот словенечки колега Пахор и претседателката на Хрватска, Грабар Китаровиќ, неодложен почеток на пристапни преговори за членство во ЕУ и НАТО. Во Порторож освен политичката, е и бизнис елитата од 100 земји...

Под мотото нов договор за нова ера се одвива Самитот 100 бизнис лидери од ЈИЕ, во Порторож Словенија, на кој учествува и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов. Претходно Иванов оствари средби со словенечкиот претседател Борут Пахор и хртватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ. Иванов побарал неодложен почеток на ЕУ преговорите и прием во НАТО.
Претседателот Иванов ги информирал претседателите на Словенија и Хрватска за актуелната политичка состојба во земјава, оценувајќи дека политичката криза и бојктот траат предолго. Ја нагласил потребата и очекувањата политичките лидери, преку политички дијалог да дојдат до решение кое ќе биде во интерес на граѓаните.
Инаку, претседателите Пахор и Грабар- Китаровиќ истакнале дека позицијата за Македонија е јасна, безусловна и континуирана, со поддршка за евроатланските и ЕУ процеси. Бил реафирмиран и взаемниот интерес за унапредување на економската и трговска размена, како и зголемување на словенечките и хрватски инвестиции во Македонија.
На Самитот 100 бизнис лидер кој се одржува во Порторож, учествуваат бизнисмени, лидери, претприемачи, и стопанственици од Југоисточна Европа.
Дијана Ценевска, специјален известувач од Порторож за МРТ
