Еврокомесарот Хан на средби во Скопје
Хан денеска во Скопје ќе има средба со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и со лидерот на СДСМ Зоран Заев, за изнаоѓање решение за излез од политичката криза во земјата...

Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, денеска во Скопје ќе има средба со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и со лидерот на СДСМ Зоран Заев, за изнаоѓање решение за излез од политичката криза во земјата.
Според информациите, можно е по разговорите со Груевски и Заев, Хан да присуствува на лидерската средба на која ќе бидат и претседателите на ДУИ и на ДПА Али Ахмети и Мендух Тачи.
Комесарот на партиите ќе им ја потенцира итноста од изнаоѓање решение за надминување на моменталната криза што е можно поскоро и потребата да се решат клучните предизвици со кои што се соочува земјата- потврди вчера Маја Коцијанчич, порпаролката на комесарот за проширување и соседска политика.
