„Македонија 2025“ бара брзо решение на политичката криза

02.06.2015 13:05

Организацијата ги повикува политичките лидери да дејствуваат мудро и да донесат решение...

Организацијата „Македонија 2025“ бара брзо решение на политичката криза. Изразува загриженост поради состојбата во земјава. Ги повикува политичките лидери да дејствуваат мудро и да донесат решение.

„Само со дијалог и веродостојна комуникација меѓу сите политички партии може да се дојде до решение кое ќе доведе до стабилна економска средина за водење бизнис и ќе овозможи бебзеден живот за луѓето. Ги повикуваме да се однесуваат мирно и со меѓусебна почит, затоа што сите сме едно“  – неведуваат во дописот од организацијата  „Македонија 2025“.