Судот одлучува за втората група притворени демонстранти
02.06.2015 13:20
Двајца од четворицата обвинети ја признаа вината, а останатите ги негираат делата...

Втората група демонстранти на обвинителна клупа во Кривичниот суд. Осомничени се за учество во насилните протести пред владата на 5-ти минатиот месец, биле дел од толпата што спречила службено лица во вршење службено дејствие. Двајца од четворицата обвинети ја признаа вината, а останатите ги негираат делата.
Пред две седмици, пред судот излезе и првата група од девет демонстранти. На обвинетите демонстранти судот им изрече осум условни казни од по три месеци, а беше изречена и една казна затвор во времетраење од 10 месеци.
Против сите се водеше постапка за „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствие“.
