Ахмети се придружи на средбата на Груевски и Заев со Хан

02.06.2015 14:33

Се очекува подоцна на средбата да се придружи и лидерот на ДПА, Мендух Тачи...

Лидерот на ДУИ Али Ахмети попладнево се приклучи на разговорите на еврокомесарот Јоханес Хан со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, што веќе неколку часа траат во резиденцијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје. Се очекува подоцна на средбата да се придружи и првиот човек на ДПА Мендух Тачи. 
 
На разговорите за изнаоѓање решение за излез од политичката криза во Македонија, што почнаа претпладнето околу 9 часот присуствува и амбасадорот на ЕУ Аиво Орав. 
 
Засега нема никакви информации за текот и содржината на разговорите, ниту дали Хан разговара со Груевски и Заев одделно или на заедничка средба.