Успешно започна екстерното тестирање

02.06.2015 14:50

Мали задоцнувања со стартот на екстерното имало во неколку училишта. Надлежните велат дека во изминативе недели ги направиле потребите контроли за да се надминат техничките проблеми...

Успешен старт на екстерното тестирање. Учениците кои го минаа првиот предмет задоволни велат - прашањата биле лесни, имале доволно време да се подготват.

„Полагав информатика, лесни беа прашањата, немаше никакви проблеми... Полагав географија, тестот беше лесен... Едноставни беа прашањата, не беа двосмислени одговорите“, велат учениците кои ги анкетиравме.

Мали задоцнувања со стартот на екстерното имало во неколку училишта. Надлежните велат дека во изминативе недели ги направиле потребите контроли за да се надминат техничките проблеми.

Прашањата за екстерното тестирање беа објавени неколку недели пред оценување, а предметите им беа познати на учениците на три дена пред оценувањето.

Со ова екстерно тестирање се опфатени 183.000 основци и средношколци и околу 17.000 наставници. Оценувањето ќе трае од 2-ри до 10-ти јуни.

Јавниот базен, содржи вкупно 445.700 прашања на македонски, албански, турски и српски јазик.

 

Викторија Тодоровска