Подигнат квалитет на образование, проектот за екстерно- унапреден

02.06.2015 16:04

Подигнат е квалитетот на образованието во Македонија, проектот екстерно тестирање е унапреден- оценува Интернационалата за образование. Основите се поставени, веќе нема казни за наставниците – став на генералниот секретар Лејвен по средбите со министерот Адеми и првиот човек на СОНК, Неделков...

Подигнат е квалитетот на образованието во Македонијa, проектот екстерно тестирање е унапреден - оценува Светската интернационала за образование. Основите се поставени, веќе нема казни за наставниците – ова е ставот на генералниот секретар Лејвен по средбите со министерот Адеми и првиот човек на СОНК, Неделков.  

„Ги поддржуваме нивните напори за подобрувањето на квалитетот на образованието, кое е алатка за екомонски и демократски развој на државата и цврство веруваме дека Македонија е на добар пат за квалитетно образование“, изјави Фред Ван Лејвен - генерален секретар на Светската интернационала за образование.

За подобрување на квалитетот на наставата Лејвен сугерира колегијална соработка меѓу наставниот кадар. Владата ќе работи на унапредување на проектот екстерното тестирање.

„Се согласуваме дека екстерното оценување треба да постои меѓутоа истото треба да го подобриме и усовршиме затоа што секогаш кажуваме дека немаме и не претендираме дека тоа е совршено туку дека треба заеднички да го унапредиме“, изјави Абдулаќим Адеми, министер за образование и наука.

Протестите на дел од наставниците и учениците во изминатиов период, министерот Адеми ги оцени како нивно легитимно право посочувајќи дека потребата од екстерно тестирање е подржана од Синдикатот за образование и наука.

 

Андријана Атанасовска