Поголема свест за возење велосипед
Локалната самоуправа да создадат услови за непречено движење на велосипедистите, да заживее велосипедизмот, а велосипедистите да бидат внимателни во сообраќајот, ова се трите пораки на Републичкиот совет за безбденост во сообраќајот. Здолжително треба да се употребува и заштитната опрема, бидејќи податоците покажуваат дека тие се најранливата гупа во сообраќајот...

Иако има 84 години, скопјанецот Миле Станковиќ активно вози велосипед. Секоја година ги вози маратонските тури, посебна страст му се планинските трки. Последната била на Жеден.
И на Сања Саздовска велосипедизмот и е хоби и начин на живеење уште од петгодишна возраст. Стилот го пренесува на синот.
Со најекономичното и најеколошкото превозно средство треба да се управува внимателно. Да се почитуваат сообраќајните знаци, апелираат од Републичкиот совет за безбденост во сообраќајот.
Но, не само велоспипедистите и останатите учесници во сообраќајот треба да бидат внимателни, велат од Републичкиот совет.
Во минатата година околу 120 лица го загубиле животот на патиштата низ државата. Според податоците на МВР и пешаците се ранливата група учесници во сообраќајот.
Бројот на жртви во сообраќајните несреќи во последните десет години е намален за 50 проценти. Во 2013-та година во сообраќајни несреќи загинале 45 пешаци, а во минатата година 35.
Наташа Јанчиќ
