Пробиени 80 проценти од автопатот Миладиновци - Штип

02.06.2015 16:55

Инвестициски бум во патната инфраструктура. Градежната оператива е на терен.. Во полн ек е изградбата на автопатот Миладиновци- Штип, се очекува пуштање на патот во предвидениот рок. Во истовреме се работи на 236 километри патна инфраструктура, автопати, регионални и локални патишта...

Преку 500 градежни работници работат на автопатот Миладиновци - Штип каде моментално се пробиени 80 проценти од трасата. Во моментов работат 2.200 лица на вкупно 230 километри патна инфраструктура од кои 130 километри се автопатишта. Ова денеска го истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски при посетата на прва секција од автопатот Миладиновци - Штип на потегот кај селото Средно Коњаре.
 
Моментално се пробиени 80 проценти од трасата. Динамиката е запазена. Имавме многу проблеми со врнежите и снеговите, но во моментов добро се одвиваат градежните активности и очекувам во летниот период да се зголемува динамиката, истакна Мисајловски.
 
Министерот информира дека паралелно се работи на делниците Кичево - Охрид каде работат 900 работници, Демир Капија - Смоквица 700 работници, 100 на Велес -Катланово како и на 46 локални правци.