Хан: Предвремени парламентарни избори до април 2016-та
Еврокомесарот за проширување по осумчасовните разговори изјави дека во периодот што се следува земјава ќе треба да се подготови за избори што би вклучувало промени во изборниот законик и ревизија на избирачкиот список...

Предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат до април 2016-та година – ова е договорот по разговорите меѓу еврокомесарот Хан и лидерската четворка во Скопје. Еврокомесарот за проширување по осумчасовните разговори изјави дека во периодот што се следува земјава ќе треба да се подготови за избори што би вклучувало промени во изборниот законик и ревизија на избирачкиот список. Хан вели дека Груевски, Заев, Ахмети и Тачи истакнале дека приоритет на земјата остануваат евроатланските интеграции.
Во резиденцијата на евроамбасадорот Аиво Орав, еврокомесарот Хан прво се сретна со Груевски и Заев, а потоа се приклучија и Ахмети и Тачи. На овој состав подоцна му се приклучи и американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли.
За наредната седмица, еврокомесарот Хан најави нова средба во истиот состав, но, во Брисел. Таму се очекува да се прецизираат останатите детали од денеска постигнатиот договор.
