ЕК: Партиите да ги спроведат обврските што ги презедоа
Голем број на точки ќе треба да бидат дополнително разработени и договорени во следните неколку дена...

Обврските што ги презедоа партиите во Македонија, во иднина да се спроведат во добра волја, стои во соопштението што синоќа го објави Европската комисија.
Разговорите беа конструктивни, изградени врз основа на дијалогот што се одржа во Стразбур пред две недели. Сите партии се обврзаа да ги постават најпрво интересите на граѓаните и на сите заедници во земјата. Ја потврдија посветеноста на евро-атлантскиот процес и на демократските принципи, јакнење на меѓуетничките односи и подобрување на добрососедските односи, стои во дописот од неформалната влада на Европската унија.
Голем број на точки ќе треба да бидат дополнително разработени и договорени во следните неколку дена, а комесарот Хан побара набргу да се финализираат разговорите со лидерите, посочуваат од Европската комисија.
