Безбедносните предизвици бараат реформи и регионална соработка

03.06.2015 11:59

Безбедносните предизвици кои што се исправени пред Република Македонија бараат реформи со кои ќе се спротивставиме на новите закани. Ова се дел од пораките упатени од Меѓународната конференцијата за безбедност во Охрид, а на која учествуваа 130 професори од петнаесет држави...

Македонија и регионот се соочени со нови безбедносни предизвици. Близината на Блискиот Исток и младите луѓе кои одат таму да војуваат заблудени од некои идеи ги отвораат ризиците од терористички напади, како оние од Зворник и Куманово. Поради тоа се потребни реформи во безбедносниот систем, но и регионална соработка.

„Што секако е предизвик за безбедносните органи и за науката,да идентификуваат во кои сегменти потфрлил системот и што е она што треба да се поправи. Апсолутно мислам дека реформи се неопходни“, изјави Цане МојаноскиФакултет за безбедност-Скопје.

Таа соработка практично постои во проектот во кој сум јас вклучен. Европската Унија ја финансира таа соработка на неколку држави од балтичкиот регион и на неколку организации во тие држави“, вели Горан БатиќБосна и Херцеговина.

Ние како држава треба да имаме одговор за она што се случи во Куманово, а не меѓународната заедница, беше речено на конференцијата.

„Во секој случај ние како земја треба да имаме одговор, значи не треба меѓународната јавност, меѓународната заедница или меѓународните фактори да решаваат за прашања од нашата безбедност. Најдобро е тоа сами да го направиме“, смета Жидас ДаскаловскиФакултет за безбедност- Скопје.

Решавањето на прашањето со името е еден од условите за поголема безбедност, сметаат експертите.

„Ние имаме една нелегална ситуација и сега мора да ги направиме сите можни чекори во ОН нелегалната референца БЈРМ да се смени во Република Македонија“, вели Игор ЈаневИнститут за политички студии- Белград.

Досега под уставното име не признале 134 држави, а се очекува тоа да го направат уште десеттина. Поради тоа, смета Јанев- Македонија има голема можност преку Генералното Собрание на ОН да го надмине овој проблем.

 

Сашо Нелоски