Трансформиран работниот однос на 125 жени прекинат поради бременост
Врз основа на потврдата од стручната комисија, работодавецот ќе одреди дали лицето ги исполнува условите за трансформација во редовен работен однос...

Стручна комисија од доставените 130, позитивно реши 125 случаи на лица чии договори биле прекинати поради бременост, раѓање или мајчинство, соопштуваат од Министерството за здравство.
Со законот за трансформација во редовен работен однос, се опфатени волонтери, лица ангажирани со договор на дело, авторски и други договори, во органите на државната управа, локалната самоуправа и јавната администрација.
Врз основа на потврдата од стручната комисија, работодавецот ќе одреди дали лицето ги исполнува условите за трансформација во редовен работен однос.
Досега се издадени согласности за трансформации во редовен работен однос во 86 јавни здравствени установи за вкупно 1.357 лица.
